Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку Шпаркасе банка Македонија АД Скопје обезбеди нов финансиски пакет од пет милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност во домовите во рамки на Фондот за Западен Балкан за финансирање на зелена економија
-Ние баравме платата да биде исплатена до 25 наредниот месец или да не извести менаџерскиот тим дека ќе доцни платата, но се уште не сме известени, изјави Димовски.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.
Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, популарно наречен Закон за стечајци стапи во сила.
Износот на средства кој е доделен е во зависност од остварениот вкупен приход во 2019 година, бројот на вработени и видот на лиценцата и изнесува од 60.000,00 до 300.000,00 денари за правен субјект, при што вкупниот износ кој ќе биде исплатен изнесува 50.880.000 денари.
Лучиќ посочи дека со работа ќе започне за еден месец, најпрво со нудење услуги за сателитска телевизија, а до крајот на годината, како што изјави, ќе бидат пуштени во употреба услугите на мобилните телефонски услуги и оптичкиот интернет.
Прометот во трговијата на мало, во јуни годинава во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемен за 7,4, а реално за 5,5 отсто во споредба со истиот месец лани
Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и во јуни годинава таа се сведе на ниво од 4,54 отсто, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,84 отсто, информира Народна банка (НБ).
Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани бележи раст од 9,5 отсто, а од 6,6 отсто во првата половина од годината споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика
Со вкупно 35-те договори за реализација на инфраструктурни проекти во 32 општини, како и за подобрување на условите на терминалите на Скопскиот и Охридскиот аеродром во вкупна вредност од 22,3 милиони евра што денеска беа врачени, предвидено е да се реализираат 14 проекти од комуналната инфраструктур