На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела и нема да важи условот „прв дојден, прв услужен“ што се применуваше досега, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Измените, како што посочи министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, се во согласност со Зелената агенда на Владата и со нив се заоструваат условите за работа на концесионерите
Бизнисмени од Србија, Македонија и Албанија денеска и утре во Скопје ќе разговараат за можностите за подобра економска соработка во регионот. Претседателот Александар Вучиќ, како и премиерите Еди Рама и Зоран Заев, ќе ја охрабрат соработката, пишуваат српските медиуми, според кои српскиот претседател во Скопје пристига со преставници на над 200 компании
Дванаесет договори за кофинансирање на проекти за прекугранична соработка со Бугарија и со Косово во вкупна вредност од 3,6 милиони евра потпиша денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски со претставници на граѓанскиот сектор, на неколку општини и на два центри за развој
Целта на проектот што треба да заврши во март следната година, во вредност од 600 илјади британски фунти, средства обезбедени од британската Влада, е да придонесе во напорите на нашата Влада да го зајакне спроведувањето на инфраструктурните проекти и инвестициите, кои имаат силен импакт врз економскиот раст, создавање работни места, зачувување на животната средина и квалитет на живот на граѓаните
Два меморандума за разбирање и еден меѓудржавен договор кој во огромна мера ќе го олесни животот на граѓаните од Западен Балкан и на бизнис заедницата ќе бидат потпишани во рамки на Економскиот форум за регионална соработка, што ќе се одржи утре во Скопје, а на кој ќе присустуваат премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ
Претседателот на Српската трговска комора (ПКС) Марко Чадеж најави деловен форум што утре во Скопје ќе собере околу 350 компании од Западен Балкан, каде треба да се бараат барањата на бизнисмените на единствен пазар каде бизнисот би бил многу полесен, поедноставен и побрз
На утрешниот економски форум, што ќе се одржи во Скопје, ќе бидат потпишани неколку договори и во суштина ќе почне практичната имплементација за мобилност на луѓето и на стоки и услуги, за побрза мобилност, а ќе биде потпишан и договорот за заедничко управување со кризни ситуација и реакции во моменти на криза, информираше денеска на прес-конференција заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи
Фајнанс Тинк во својот коментар за ребалансот на Буџетот за 2021 година порачува дека тој претставува „најгломазниот план од постоењето на државата кој треба да овозможи постпандемиски поттик на економијата“, но сепак, според нив, ребалансот укажува на недоволна волја за кратење на непродуктивните трошења
– Овој договор произлегува од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за склучување на Анекс на договорот за концесија за промена на намена на дел од средствата кои концесионерот на двата аеродроми ТАВ ги имаше предвидено за изградба на карго аеродром во близината на Штип, се додава во соопштението од владината седница