Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги во текот на следната недела ќе ја донесе одлуката за цената што ќе ја плаќаат скопјани за парно греење во наредната сезона
Олеснување на комуникацијата и пристапот до информации за државна помош и поддршка на домaшаните и странските компании и инвеститори, намалување на времето на чекање на одговор од институциите, ќе треба да овозможи дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција за потребите на програмите за државна помош за чија изработка е објавен јавен повик
Во рамки на 47. седница денеска во Собранието треба да продолжи расправата за дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2021 година
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска оцени дека ребалансот е без приоритети, посочувајќи дека секоја година власта амбициозно тргнува со мегаломански буџети кои на крај ги ребалансира и „остварува едно големо ништо од проектите за граѓаните кои ги ветува“.
Собранието, денеска, во рамки на 47.седница, ја почна општата расправа по дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2021 година во кој се вметнати и осумте амандмани кои беа усвоени на Комисијата за финансирање и буџет. Расправата може да трае пет дена.
Според Хоџа, законот ќе овозможи целосно и порационално искористување на државните обработливи површини, а Трајков предупредува дека ќе се офајдат само богаташите, додека земјоделците, финансисиски немоќни, повторно не ќе можат да си го купат земјиштето.
Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) во првите шест месеци од годинава евидентира зголемен број на поднесени барања за заштита на трговски марки за 31 отсто и за 7,9 отсто повеќе поднесени барања за заштита на патенти во споредба со истиот период од минатата година
Сеавус Акцелераторот и Бизнис Импакт Лаб, со стратешките партнери УНДП и ФИТР официјално ја започнаа најголемата глобална програма Accelerate2030 во нашата земја
Вкупно 11 проектни апликации беа доставени на јавниот повик „Предизвик за воспоставување лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, што го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој
Целосно и порационално искористување на обработливите површини, нивно окрупнување и можност за поголеми вложувања