Вкупните депозити на годишна основа, се повисоки за 6,8 отсто, при раст кај двата сектора, кој е поизразен кај корпоративниот сектор. На годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 5,1 отсто, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, прецизираат од НБ
Подготовка на Стратегијата за развој на финансиските пазари со посебен осврт на пазарот на капитал, нови закони во областа на банкарството, осигурувањето, пазарот на капитал, платежните услуги, ревизијата, ќе бидат во фокусот на работењето на Советот за развој на пазарот на капитал со која претседава министерот за финансии Фатмир Бесими
Од Алкалоид информираа дека се посветени кон постојан раст и развој на компанијата, како на домашниот, така и на меѓународните пазари
Националната „Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023“ денеска ќе биде промовирана во Клубот на пратениците во Скопје
Во земјава, вели тој, има околу 6.000 пчелари, во чија сопственост има околу 230.000 пчелни семејтства, кои наместо да бидат стимулирани од државата, таа ги обременува со нови трошоци.
Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се исполнети повеќе од половина. Максимална исполнетост од 80 – 90 проценти хотелиерите очекуваат околу Илинден, период во кој пред пандемијата се бараше кревет повеќе.
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) бара пратениците да не ги поддржат предложените измени на Законот за работни односи за недела неработен ден за кои вчера расправаше собраниската Комисија за труд и социјална политика и истовремено упати реакција зошто не биле поканети на расправата.
Под мотото „Заедно можеме повеќе“ денеска официјално беше означено интегрирањето на Охридска и Шпаркасе во Шпаркасе банка – Македонија
Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата „МојДДВ“ имаат внесено трансакциска сметка од Охридска банка АД Скопје да ја заменат со новата трансакциска сметка, поради статусните промени по нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје