Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, на покана на Израелската агенција за меѓународна соработка и развој (MASHAV), од денеска ќе остварат работна посета на Израел, во која особен фокус ќе биде ставен на израелските искуства и системот за поддршка на старт-ап компаниите
Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Стопанска комора на Приморска Словенија со цел унапредување на економската соработка меѓу двете држави со акцент на секторите земјоделство, туризам, логистка и медицина
Според деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски соработката претставува можност студентите да се стекнат со практично образование во уште една институција, односно двете институции да соработуваат на развој на многу проекти
Компаниите Неотел, Битстрим Мобиле, Македонски телеком и А1 Македонија до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) испратиле писма за искажување интерес за учество на тендерот за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, што треба да го објави регулаторното тело
Во технолошко индустриските развојни зони, по првиот, и во вториот квартал од годинава е регистрирано највисоко ниво на економска активност во последните четири години, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.
Новата кредитна линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка е насочена кон економско закрепнување на малите и средните претпријатија во земјава.
Во првиот квартал годинава во базата на Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 7.777 трансакции, од кои 5.327 се продажби на недвижности и 2.450 закупи на недвижен имот. Во однос на претходниот квартал (октомври-декември 2020), регистрирани се 366 повеќе трансакции.
Во Скопје денеска на 34 општини им беа доделени договорите за реализација на вкупно 36 инфраструктурни проекти во вредност 1 милијарда и 706 илјади денари или 17,5 милиони евра.
Вкупно 103 компании од пристигнатите 700 апликации ќе бидат кофинансиски поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за да ги реализираат своите идеи за технолошки развој за забрзан економски раст.
Националната федерација на фармери на самиот почеток на жетвата бара минималната цена на пченицата да биде 13 денари по килограм, а доколку производната цена е повисока од откупна да се постапи согласно Законот за земјоделство и рурален развој, односно да се спроведе интервентен откуп.