Пратениците расправаа по првиот амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бара стапката на данокот на додадена вредност за електрична енергија од пет проценти да важи не само за домаќинствата, туку и за компаниите и за индустријата.
Најавуваат дека ќе се борат со сите расположливи средства да ги заштитат работниците, предупредувајќи ги истовремено работодавачите – ако отпуштаат текстилни работници сега никогаш повеќе нема да најдат нови да им работат.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска уште еднаш повтори дека со ребалансот на Буџетот ќе бидат исплатени сите субвенции за сточарството.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска директно и недвосмислено им порача на мелничарите дека не прифаќа уцени. Најави состанок со нив наредните денови и оцени дека и тие се делумно виновни за актуелната ситуација во преработувачката индустрија.
Со одлуката донесена на денешната главна седница на РКЕ, во утврдениот рок од 90 дена, трговците на големо со мазут мора да ги обезбедат потребните количини на оперативни резерви на мазут во своите складови, кои за секој трговец се пресметуваат по методологија утврдена во Правилникот.
Цените на угостителските услуги во јуни во однос на мај годинава останале на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0,1 процент и Безалкохолни пијалаци за 0,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 73,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува и останува 63 денари за литар.
Jазот меѓу вештините и квалификациите и неусогласеностa со потребите на пазарот на трудот, сè уште е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат бизнис заедницата и младите кои влегуваат во работните процеси
Мелничарите најавуваат дека годинашната пченица ќе ја откупуваат по 8,5 (сточна) до 10,5 денари (меркантилна) за килограм
Членовите на оваа комисија ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка – второ читање