Предлог-законот со кој ќе се воведе еколошка такса на горивата се носи по скратена постапка поради Парискиот договор за климатски промени, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.
Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) во врска со измените на Законот за игри на среќа, со кои, меѓу другото, се предвидува дистанца од 500 метри на објектите на приредувачите од образовни институции, посочува дека ваквиот предлог е практично невозможно да се спроведе на терен, бидејќи дистанцирање од една образовна институција едноставно го доближува објектот до друга
Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и Здружението на вработените во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ бараат да се одржи јавна расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет за измените на Законот за игри на среќа, за да се соочат аргументите
Македонија и Албанија работат на подобро меѓусебно поврзување, преку проекти во енергетиката, инфраструктурата, како и олеснување на трговијата
Земјава стана член на ППЦА Алијансата (Powering Past Coal Alliance) за време на Лондонската недела за климатски акции и заедно со Шпанија се обврзаа да го напуштат производството на електрична енергија од јаглен до 2030 година, информира АД ЕСМ
Надпросечните температури кои ја зафатија земјава предизвикаа шок кај земјоделските култури
Народната банка успешно го одржува без прекини Клубот на истражувачите и покрај предизвиците наметнати од пандемијата
Годинава ќе биде година на заздравувањето, по што Република Македонија ќе се стреми кон остварување на приоритетните цели за забрзан раст и спроведување на европската агенда
Бројот на работниците во индустријата во мај 2020 во однос на мај 2020 година, е намален за 1,3 отсто, а во првите пет месеци од годинава за 2,7 проценти
Индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани е поголемо за 16.5 отсто, а кумулативно во првите пет месеци од 2021 во споредба со истиот период од 2020 бележи раст од шест проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика