Таксата за транспорт на руски гас низ Бугарија во износ од повеќе од 10 евра за мегават час е нелегална, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека како држава ќе ги искористиме сите правни можности кои ни стојат на располагање за нејзино отстранување.
Во Скопје денеска се одржува првиот министерски состанок на земјите од Западен Балкан посветен на Планот на Европската унија за раст на регионот. На состанокот присуствуваат министри од Србија, Црна Гора, БиХ, Косово и Албанија.
Наречен „Инвестициска програма за енергетска транзиција“, планот следи слични примери за затворање електрани на јаглен во Јужна Африка, Индонезија, Виетнам и Сенегал, со поддршка од кредитори, влади и приватни инвеститори.
Македонија и Србија денеска потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси како дел од железничкиот Коридор 10.
Уште 19 компании од вкупно 156 се уште не платиле данок на солидарност. Седумнаесет од нив немаат воопшто никаква уплата, а останатите две направиле парцијално уплаќање, информира денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
Деновите на финансиска писменост, што се организираат по седми пат, годинава ќе се одржат од 21 до 23 овој месец.
За она што е предвидено со потпишаниот Општ колективен договор, со кој од септември оваа година платите на сите вработени во јавниот сектор се зголемени за 10%, се обезбедени средства во Предлог-буџетот за 2024 година.
На панел-дискусијата било нагласено дека новите финтек-компании коишто се придобивка од спроведувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, ќе понудат иновативни дигитални решенија за иницирање на плаќањата за раст и развој на е-трговијата.
- Ќе потпишеме Меморандум со Македонија и јас сум особено горд на тоа, нагласи Весиќ во изјава за белградски медиуми.
Предлог-буџетот за 2024 година е нереален и не одговара на моменталната криза, оценува професорот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Во изјава за МИА, Јовановиќ вели дека макроекономските и приходните проекции се преоптимистички.