Министрите за земјоделство и за економија, Арјанит Хоџа и Крешник Бектеши, и македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов, утре во Букурешт ќе ја отворат еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи „Недела на македонски производи“
Во компаниите активни во ТИРЗ во мај е регистриран зголемен број на работни места од над 4,15 проценти во однос на истиот месец од 2020 година
Податоците за остварената наплата на патарините во првите месеци од годинава ни даваат за право да бидеме оптимисти дека не само што ќе се вратат приходите остварени пред пандемијата на Ковид 19, туку реално е да очекуваме и да се зголемат, вели во интервју директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми
Со навестувањето на постпандемискиот период, време е да се размисли како непречено да се заменат општите економски политики со поспецифични, секторски политики што ќе ја олеснат оптималната прераспределба на ресурсите и посткризната трансформација на економиите, со цел да се зголеми потенцијалот за поголем економски раст, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска
Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска ќе бидат потпишани спогодби за испраќање економски советници од министерствата за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство
Синдикалната кошничка за месец мај 2021 година е зголемена за 180,00 денари во однос на месец април 2021 година.
Од почетокот на 2021 година до Агенцијата за пошти биле поднесени вкупно 30 претставки од корисниците на поштенските услуги, што според директорката на Агенцијата, Билјана Аврамоска Ѓореска, во овој период бројот на поднесени претставки е двојно зголемен во однос на изминатите години.
Ќе се интензивира изградбата на железничката пруга Софија – Скопје, најавија денеска генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Македонија“ Хари Локвенец и неговиот бугарскиколега Красимир Папукчиски
Не се работи за зголемување на акцизи, туку за еколошки такси, меѓу кои се опфатени и нафтените деривати. За оваа мерка Владата сè уште нема донесено одлука.
Економската соработка со Грција има голем потенцијал за проширување, што може да биде поддржано и преку потпишување на меѓудржавни договори за заштита на инвестициите и избегнување на двојното оданочување