Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2021 година, во однос на истиот месец лани, изнесува 209
Деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност во 2020 година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.975.478.000 денари, што е за 3,6 проценти повеќе во однос на претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика
Со 50 милиони евра ќе се модернизира македонското земјоделство. Планирана е изградба на откупно-дистрибутивни центри, зајакнување на капацитетите за ИПАРД, креирање на систем за отстранување на нус-производи од животниско потекло и обуки за земјоделците
Развојната банка на Македонија на својата веб страница го објави јавниот повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за кредитната линија „Ковид 2”
Македонско кредитно биро започна соработка со Силк роуд банка АД Скопје за шалтерска продажба на сопствен извештај за физички и сопствен извештај за правни лица. Граѓаните и компаниите сега ќе можат да се информираат преку банките за бенефитите од сопствениот извештај, со што значително се подобрува пристапот до услугите и информациите на бирото
На маргините на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана, премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу двете земји.
Ревизијата е извршена согласно Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија, а го опфаќа периодот од 2017 до 2019 година.
Вкупно 7.500 работници останале без работни места во вториот и третиот квартал изминатата година во споредба со истиот период во 2019 година
Претседателот на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски на денешната прес-конференција презентираше документи дека еден од синдикатите, односно МЕСО е исклучен од Сојузот на синдикати на Македонија, за што има судска пресуда
НЈСК Холдинг е првата македонска компанија која доби лиценца за извоз на сув цвет од канабис, како активна фармацевтска супстанција, наменет за Полска, која е дел од заедничкиот пазар на Европската Унија