Само 28 проценти од компаниите во нашата земја се дигитално зрели, 42 отсто се компании со средна дигитална зрелост, а 30 проценти се компании со ниска дигитална зрелост, покажува истражувањето за дигиталната зрелост на малите и средни компании на Македонски Телеком, во соработка со ИПСОС
Музичарите и музичките работници преку Здружението за унапредување на правата на музичарите (ЗУПМ) „Музика сега“ побараа од Владата укинување на точките од протоколите со кои во угостителските објекти за исхрана и кафетерии е забрането организирање на музички настани
Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржаа работна средба со извршниот директор на Бизнис клубот на Евро-атлантскиот совет, Светозар Јаневски, претседателот Исмет Рамадани, како и со стопанственици членови на раководството на Бизнис клубот.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, на прес-конференцијата по состанокот со министерката Шахпаска, рече дека на работната средба разговарале за спорните прашања за кои со работодавачите не успеале да постигнат договор, но оти имаат оддршка од МТСП.
-Никој не не контактираше од фирмата. Сега сме во исчекување. Од овој месец немаме пензиско и здравствено осигурување. Останува на институциите, што тие ќе решат, вели Кафтанова.
Уште една добра информација е, посочи министерот, дека тоа што е одделено како количина за нашата земја се наоѓа во претходно пакувани шприцови така како што беше првата количина на вакцината „Синофарм“, а тоа го олеснува начинот на давање.
Од ССМ најавуваат дека по донесувањето на законското решение со кое ќе се регулира работа во недела, ќе се трудат да ги усогласат колективните договори со него.
Сојузот на Синдикатите на Македонија бара, освен парични, да има и затворски казни до една година за оние работодавачи кои нема да им исплатат плати на работниците иако за тоа добиле субвенции од државата
ТАВ Македонија најави дека од утре стартува директната авиолинија Скопје – Москва. Првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд“ од Москва во Скопје треба да пристигне утре попладне во 17 часот и 10 минути.
Како што рече денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска, исплатен ќе биде и останатиот мал процент средства.