Од почетокот на годината се забележуваат позитивни економски резултати и глобално и кај нас, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во својата колумна објавена вчера, во која порачува „антикризни мерки се’ додека економијата не застане на здрави нозе“
Инспекциските контроли околу увозот на опасен мазут се речиси завршени и резултатите ќе бидат објавени во вторник, а од денеска Државниот пазарен инспекторат, кој е орган во рамки на Министерството за економија, започнува со засилени вонредни контроли и на течните деривати со користење на мобилната лабораторија и тоа при влезот во државата и во внатрешниот пазар, односно малопродажбата, изјави денеска на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши
Пониски провизии за електронските плаќања на трговците кон давателите на платежните услуги се очекуваат со развојот на финтек секторот, а што се овозможи со донесување на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и влезот на финтек-компании
Странските инвеститори и во услови на пандемија продолжуваат да инвестираат во земјава, се зголемува извозот и се најавени нови големи инвестициски циклуси
Во овој период Министерството за финансии треба да финишира со разговорите со сите институции со цел во јуни или првата половина на јули ребалансот да влезе во собраниска процедура, најави денеска премиерот Зоран Заев
Во 2019 година во земјава вкупно биле регистрирани 7.785 новосоздадени претпријатија, што претставува 10,7 отсто од вкупно активните претпријатија, чија главна дејност според Националната класификација на дејностите – НКД, рев. 2 припаѓа во секторите на дејност од Б до О1
Меѓу наградените е и Катерина Климовска од Македонија со тимот наречен ИСЛАА, за дигитално решение во областа на поврзување на малите бизниси.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април годинава се повисоки за 1,1 отсто на месечно и за 5,1 отсто на годишно ниво
Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски вели дека Регулаторната комисија може да влијае само на 38 отсто, но не и на останатите 62 процента од сметката што ја плаќаат граѓаните и малите фирми до 50 вработени или со до два милиони евра годишен приход, кои имаат право да останат на регулираниот пазар
Иновативните идеи го движат светот напред, а јас сум убеден дека сите заедно ќе направиме уште поуспешен деловен амбиент со посветена трансформација на македонскиот стартап еко систем. Заеднички да придонесеме земјава да стане стартап хаб на Балканот зашто веруваме дека тоа е вовед во четвртата индустријализација кон која се стремиме, порача премиерот Зоран Заев