Со Протоколот ќе се зајакнат постојните одредби за одбегнување на двојното оданочување за данокот на доход и данокот на капитал помеѓу двете земји, ќе се постигне поголема даночна транспарентност и фер даночен третман, соопшти Министерството за финансии.
Раст на БДП од 3,8 проценти, на потрошувачките цени со умерено темпо од 2,2 проценти, како и дефицит од 5,4 проценти од БДП, предвидува во прелиминарните наоди тимот на Мисија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од Берглјот Баркбу, по виртуелната посета на земјава од 6 до 17 мај во тек на која одржа состаноци со надлежните институции
Влажните марамчиња Becutan се производ од портфолиото на брендот, за првпат воведени на пазарот во 2006 година, изработени според оригинална рецептура на фармацевтските експерти од „Алкалоид“
Без обезбедени средства во буџетот на Управата за заштита на културното наследство, реализацијата на договорот од 523 милиони денари за повеќегодишната градба на Античкиот театар Скупи е бавна
Како што соопшти владината прес-служба, повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители и гости.
Министерството за економија утринава побара увозникот од Косово, а зошто не и производителот од нашата страна, да побараат да се направи супер анализа на брашното што се увезува кај нашиот сосед од земјава, информира ресорниот министер Крешник Бектеши.
Нагласи дека Министерство за економија немале такви сознанија и додаде дека Пазарниот инспекторат не ја користел државната мобилна лабораторија и продолжил да ги користи приватните лаборатории.
Сојузот на синдикатите на Македонија апелира до надлежните државни и инспекциски органи да преземат мерки за санкционирање на работодавачи кои ги попречуваат работниците да се вакцинираат во термините кои им се определени во работните денови или пак денот за имунизација им се третира како неплатено отсуство
Министерството за економија денеска ја промовираше платформата savetravels.gov.mk за имплементација на „Знак за безбеден туризам“ (Safe Travels Stamp) и протоколи за безбедно патување на Светскиот совет за туризам и патување, како и спотот со кој земјава ќе се обиде да привлече странски туристи како безбедна ковид дестинација
Изминатиот викенд за одржа првиот виртуелен хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија