Локално ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните подрачја, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и ПроКредит Банка потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка со која микро, малите и средните претпријатија ќе добијат олеснет пристап до финансиски средства
Европската унија предвидува економскиот раст во земјава годинава да биде 3,7 проценти и закрепнувањето да се забрза во текот на годината
Претседателот на Независната угостителска комора Здравко Јосифовски смета дека е неправедно доколку финансиска поддршка добијат само угостителските објекти чија примарна дејност е служење храна и пијалоци.
Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку соопштение информираше дека има целосна поддршка од меѓународните синдикални организации за активностите што ги презема за заштита на работниците во услови на пандемија
Активности за реконструкција на локални улици во општините стартуваат од денеска во рамки на проект вреден 70 милиони евра
Со цел поддршка на македонскиот фудбал и создавање услови за нови успеси и победи на сегашните и на идните генерации фудбалери, Комерцијална банка АД Скопје и Фудбалската федерација на Македонија склучија Договор за спонзорство за наредните три години
Економското опоравување на Македонија, кое нагло запре во 2020 година, бидејќи пандемијата ја погоди домашната и странската побарувачка, во текот на 2021 и 2022 година, се очекува да добие цврста основа
Во март се издадени 338 одобренија за градење што е за 54,3 проценти повеќе од истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика
Министерот за економија Крешник Бектеши не ја исклучува можноста доколку е потребно да биде продолжен рокот за неискористените аранжмани што граѓаните ги платиле, а не можеле да ги искористат поради пандемијата