Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 68,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС -98 е 70 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 60, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 59,50 за литар.
Компании добавувачи од автомобилската, прехранбената и лесната индустрија ќе имаат можност да се вклучат во дата базата на податоци што се иницира во рамки на Коморскиот инвестициски форум и на тој начин, заедно со останатите добавувачи од Западен Балкан, ќе станат подостапни за регионалните и глобалните ланци на снабдување
Заклучно со 23:59 часот денеска може да се доставуваат пријави на првиот 48 часовен хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија насловен „Хакирај ја сивата економија во е-трговија” што ќе се одржи онлајн, од петок,14 мај до недела, 16 мај
Македонската економија се карактеризира со ниска инфлација и финансиска стабилност како резултат на водењето кредибилна финансиска и макроекономска политика, конзистентни со стратегијата на стабилен курс на денарот во однос на еврото
Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија во соработка со Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Црна Гора денеска организира онлајн-дискусија на тема “Стратегијата на Кина за Западен Балкан – преку економски до политички импликации”
Независната угостителска комора утринава до Владата доставила барање за измена на јавниот повик за финансиска поддршка на угостителите со цел да бидат опфатени сите угостители на кои со владината одлука од 5 април им беше забрането да работат
Новиот експресен пат Штип-Радовиш првата делница од мостот на реката Брегалница до клучката кај рудникот „Бучим“ ќе биде пуштена за сообраќај кон крајот на месецов, најави денеска од Штип министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски
Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Република Македонија на „ББ +“, со негативен изглед
Редици камиони, честопати со стотици возила се честа глетка на многу гранични премини, вклучувајќи и за време на пандемијата со КОВИД-19
Потпишани првите 11 од вкупно 250 договори за грант наменети за жените од руралните средини во вредност од 3.000 евра, со цел поддршка, зајакнување и унапредување на нивната положба во државава.