Во Нацрт-законот за платежни услуги и платни системи се транспонираат голем број директиви и регулативи на Европската Унија во сферата на плаќањата, со што очекуваме дека ќе настанат значајни промени во однос на проширувањето на листата на даватели на платежни услуги и сетот платежни услуги, како и во однос на подеталното уредување на релациите помеѓу давателите и корисниците на платежни услуги
„Фајнанс Тинк“ денеска ќе одржи економскиот форум насловен „Дали субвенциите создаваат подобри претпријатија? Или подобрите претпријатија добиваат повеќе субвенции?”
Истражувањата на Галуп покажуваат дека на секое второ лице во светот му се намалиле приходите поради пандемијата на коронавирусот, а луѓето во сиромашните земји се особено погодени со загуба на работното место
Обуката е дел од националната пилот програма на проектот и истата ќе биде без надомест. Предвидено е истата да се спроведе од 17-ти мај до 10-ти јуни и ќе се одвива на онлајн платформата ZOOM.
Во регистарот на вистински сопственици се запишани приближно 70150 различни физички лица. Од нив, 93,5 проценти се македонски државјани, 0,5 проценти се странци со регулиран престој, а останатите 6 проценти, односно околу 4300 лица се странци
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја отфрла можноста во овој момент да се дозволи организирање свадби во земјава и порачува дека актуелните протоколи за работа на угостителските објекти важат до 15 мај, кога ќе се ревидираат согласно препораките од Комисијата за здравство.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и најави продолжение на работата на Парламентот за утре, а дополнително ќе информира по кои седници ќе се работи.
Здружението „Правда за штедачи” денеска повторно одржа собир пред Уставниот суд побара овој суд веднаш да ја достави одлуката за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки до Собранието или Владата на одговор, како и да соопшти информација кога ќе бие закажана седница за конечно, мериторно решавање по однос на оваа иницијатива.
Нагласил дека клучниот столб на македонското претседавање со ЦЕФТА е трговијата и оти главната цел е олеснување на слободното движење на стоки, услуги и луѓе меѓу земјите на ЦЕФТА со цел да се овозможи просперитет и благосостојба за сите граѓани
Во изминатите неколку години трипартитниот дијалог помеѓу синдикатите, организациите на работодавачи и Владата е подигнат на навистина високо ниво, се отвора широка дискусија за секое прашање важно за работниците и компаниите и се носат решенија коишто се во интерес на сите засегнати страни, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи