За три отсто е намален бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на истиот месец лани, а во првите три месеци од 2021 година е помал за 3,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година.
Најголемиот број арбитражни постапки за трговските спорови поведени во изминатите пет години се однесувале на предмети од 10.000 до 50.000 евра, но со арбитража се решаваат и предмети вредни од 50.000 до 100.000 евра.
Производството на месо, јајца и на кравјо млеко минатата година било поголемо во однос на 2019-та, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Зголемен е и бројот на говеда, свињи, кози и живина
Индустриското производство во март годинава, во однос на истиот месец лани, бележи раст од 7,6 отсто, а за првите три месеци годинава во однос на првиот лански квартал, пад од 6,1 проценти, објави Државниот завод за статистика
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Податоците покажуваат дека мерките преземени од Народната банка дадоа резултати во досегашниот тек на корона кризата, оцени вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, на вебинарот на тема „Монетарната политика, банките и кредитните пазари во ковид-19: справување, поддршка и последици“, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
Министерството за труд и социјална политика информира дека е почната исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец април 2021 година
Втората, и поверојатна претпоставка, е дека по првичните смирувачки тонови од Народна банка, сега се многу поизразени влијанијата на разни лоби групи и моќни структури од разни страни кои имаат интерес да продолжи состојбата на несигурност и опасноста по стабилноста на системот.
Сите видови сместувачки објекти од мал обем во кои правилно и целосно се спроведуваат и почитуваат препораките и важечките протоколи за работа на угостителски објекти за сместување од денеска имаат можност да аплицираат за верификација со сертификат и печат “Чисто и безбедно” (safe and clean), соопшти Независната угостителска комора.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека согласно програмата, сите заинтересирани ќе може да поднесат барања за модернизација на постојните или отворање на нови погони