Со инвестиција од 10 милиони евра американската компанија „Кемет Електроникс” го проширува капацитетот на фабриката во ТИРЗ Скопје 1
Спроведување на Accelerate2030 – најголемата светска програма за поддршка на претприемачи од земји во развој при развивање на решенија врзани со остварување на Целите за одржлив развој има за цел писмото за соработка што денеска УНДП како стратешки партнер го потпиша со Сеавус Акцелератор и Бизнис Импакт Лаб, кои се носители на оваа програма во земјава
Работниците на кои им се прекршени работничките права во државата, ќе можат да пријават преку новата мобилна апликација на Сојузот на синдикати на Македонија, „ССМ – Мои работнички права“, а пријавите веднаш потоа ќе бидат проследени до Државниот инспекторат за труд
Асоцијацијата зе е-трговија на Македонија, неодамна на Годишното Собрание ја претстави годишната програма за 2021 година, во која се дава посебен фокус на сивата економија во е-трговија
Oд понеделник – 26 април почнува етапната исплата на априлските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19
Американската компанија за производство на електронски компоненети „Кемет Електроникс“ ќе го проширува капацитет на постоечката фабрика во ТИРЗ Бунарџик.
Надлежните државни институции упорно молчат. И после поминати повеќе од осум месеци, го толерираат направениот масовен криминал со кражба на депозити од Еуростандард банка. Како што најавивме, ние продолжуваме понатаму да ја споделуваме со јавноста вистината за грабежот на нашите депозити преку факти.
Втората фотоволтаична централа со моќност од 1,2 мегавата, која е дел од триделниот фотоволтаичен парк со 2,2 мегавати, денеска беше пуштена во употреба во селото Теново во Општина Брвеница.
„Стартап херои“, информира Петров, е наменет за сите стартап компании кои имаат иновативен производ и ги исполнуваат претходно дефинираните услови од јавниот повик. Целосната листа на услови е достапна на официјалната веб-страница на ФИТР
Националната стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот што се подготвува треба да го трасира патот за забрзување на дигитализацијата и примена на најновите технолошки достигнувања во финансиите