Согласно објавените податоци од Народната Банка, Асоцијацијата за е-трговија го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2020 година.
Ако петтиот пакет мерки не се донесе до крајот на неделава, тројно повеќе текстилни работници ќе бидат пуштени на принуден одмор, предупредува Синдикатот за текстил, кожа и чевли (СТКЧ) при Сојузот на синдикатите на Македонија.
Асоцијацијата за е-трговија, повикувајќи се на податоци објавени од Народната банка, објави дека во текот на 2020 година граѓаните на Македонија реализирале вкупно 7,3 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 229,6 милиони евра, од кои 167,3 милиони евра кон домашни е-продавници, што претставува значајни 73 отсто во вкупната вредност на онлајн трансакции
Стопанската комора на Македонија бара пратениците итно да ги изгласаат законите поврзани со петтиот пакет мерки, кои ги очекуваат нејзините членки како поддршка во услови на пандемија
Туристичките агенции имаат пад на прометот од 80 до 100 проценти, интересот за патување е сведен на минимум, а реализацијата на направените аранжмани е неизвесна поради секојдневното менување на одлуките во државите поради пандемијата
Во иднина, вработувањата најмногу ќе се темелат на вредностите на човекот, на неговите вештини, карактер и личност, наместо на параметрите кои ги наведувам во кусите биографии
Силк Роуд Банка АД Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за соработка, со цел олеснет и зголемен пристап до финансиски средства и банкарски производи и услуги, за најиновативните домашни компании
Стопанската комора на Македонија апелира до пратениците во Собранието да направат максимални напори и во текот на денот да ги донесат законите од петтиот антикризен пакет кои се во насока на поддршка на македонската економија
Поповолни се очекувањата во преработувачката индустрија за порачки во март 2021 година, во однос на претходиот месец, поповолни очекувања има и за обемот на производство во наредните три месеци, но намалени се залихите на готови производи.
Прометот во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари лани бележи намалување од еден отсто, во однос на претходниот месец има раст од 3,8 отсто, а за двата месеца годинава во однос на јануари и февруари лани има намалување од 2,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.