Во изминатиот седумдневен период од страна на пазарните инспектори извршени се над 4.500 контроли и надзори при што изречени се 34 прекршочни пријави, 91 решение и 43 платни налози.
Одредени субјекти поради кои трпи целата угосителска дејност, тераат инает и кон себе и кон граѓаните и кон пазарните инспектори. Кон таквите немаме милост и мораме да постапуваме согласно законот, рече денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.
Македонската амбасада во Тирана преку објава на Фејсбук информира дека нема ограничувања за влез, излез, транзит или престој за македонските државјани кои патуваат во Република Албанија или имаат намера да го користат аеродромот во Тирана
Извозот на стоки во првите два месеца од годинава бележи раст од 21,1 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика
Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) покрена иницијатива до Уставниот суд за утврдување на уставноста на точка 408 од Правилникот за професионални заболувања, односно признавање на Ковид-19 како професионално заболување со цел секој работник да може да ги оствари своите права при евентуално заболување со вирусот
Трошоците на животот во март во однос на февруари годинава се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за 0,6 отсто, додека во однос на март лани бележат зголемување од 2,1 отсто, односно од 2,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот (СУТКОЗ) при Сојузот на синдикати на Македонија реагира на информациите дека најголем дел од угостителите ги одјавиле работниците
Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка, со кој се одредуваат непризнаените расходи, со што се создава можност за зголемување износот на регрес за годишен одмор кој што ќе се третира како признаен расход за даночни цели.
Со оваа програма беа опфатени и игротеките со вкупен буџет од 153.000.000,00 денари. На јавниот повик за поддршка на игротеките пристигнаа вкупно 119 од кои 81 ги исполнија условите и беа искористени средства во износ од 13.710.000,00 денари.
Над една третина од потрошувачите во земјава ги користат паметните телефони за плаќање и извршување трансакции, а 61 процент се заинтересирани да ја користат оваа опција за плаќање во иднина, покажува регионалното истражување спроведено од „Visa“.