Вкупно 2.678 барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонентна „Ковид 3“ на Развојната банка на Македонија. Вкупниот износ за одобрените барања, како што денеска соопшти Банката, е 30,3 милиони евра.
Во соопштението за медиумите се наведува дека компанијата ќе обезбеди работна средина која ќе понуди можност за професионален развој на вработените, вложување во техничкото знаење преку посета на фабриките на други локации, меѓународна размена на искуства.
Скопското Обвинителство поднесе обвинителен предлог против едно лице со двојно, македонско и италијанско, државјанство за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 1 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО Скопје
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека фокусот кон стручното образование е една од клучните алатки за поголема вработливост на младите кои како категориј и не треба да се помалку платени, туку заслужуваат да бидат исто платени како секој на исто работно место без разлика дали е постар, дали е жена или маж
Минималната плата сè уште не е достоинствена и кога економските услови ќе бидат добри ќе работиме да ја зголемиме и до 18.000 денари, но сега не е моментот
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски на денешното предавање на Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, посветено на енергетската независност, посочи дека инвестициите во енергетиката на секое поле се единствен начин за зајакнување и зголемување на енергетската независност
Инфлацијата во македонската економија останува умерена, слично на очекувањата за движењата во Европската Унија, истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат
Сојузот на синдикати на Македонија не се согласува со предлогот на Министерството за труд и социјална политика, правото недела да биде неработен ден, да се уреди и со Законот за трговија, освен со Законот за работни односи
Како што наведува ССМ, претставниците на Владата и работодавачите сметале дека реалниот пораст на БДП може да биде и во минус. Според нивните пресметки, усогласувањето на минималната плата ќе биде пониско за 211,00 денари и ќе изнесува околу 15.190,00 денари.
Како што соопшти Народната банка, од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг, 62 отсто.