Дводневниот регионален настан за вмрежување на организации за деловна поддршка, организиран како дел од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, започна денеска
Бројот на активните деловни субјекти во државава во 2020 година изнесува 73 061 и во однос на 2019 година е намален за 3,8 проценти
Не се планира зголемување на стапките на ДДВ и на персоналниот данок, истакнуваат од Министерството за финансии
Подобри услуги за граѓаните, но и поголема отчетност за тоа како општините ги трошат средствата на граѓаните, ќе се овозможи со продолжување на процесот на фискална децентрализација
Делегацијата на германското стопанство им нуди поддршка на странските и домашните инвеститори за полесно да дојдат до државната помош преку правење анализи на македонските закони, но обезбедува и советување за приватно финансирање од регионални и меѓународни донатори
– Апелираме политичките чинители да заземат заемно-одговорен однос, со цел да не страда вкупната економија и живеачката на граѓаните, и блокадата да ја разрешат низ транспарентен дијалог во рамки на институциите, посочуваат од ФТ.
Од асоцијацијата за организирање на настани, преку отворено писмо испратено до медиумите поради како што велат нивните неуспешни обиди да стапат во контакт со премиерот или претставници на Владата, наведуваат дека очекуваат минимум фер и коректен однос од власта како што тие го имале за време на целата пандемија.
Нова група од 124 барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента што се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста „ЕУзаОтпорност“ од ИПА програмата
Нефункционални кредити ‒ што значат од аспект на банкарските клиенти?, е најновиот текст од серијалот „Економија за секого“, што го објави Народната банка во рамки на активностите од Глобалната недела на парите
Преку програмата ќе биде обезбедено и поврзување на стартапите со агробизниси и земјоделци кои може да бидат корисници на иновативните решенија