Со писмо до медиумите, оштетените штедачи на Еуростандард Банка доставија податоци за тоа како повеќе од 3 милиони евра биле испумпани од банката по основ на кредити за фирми кои работеле со загуба и кои се пред затварање а рати не плаќале со години.
Владата на денешната 57-ма седница го разгледа и прифати текстот на усогласениот договор за изградба на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција – Македонија и го овласти министерот за економија Крешник Бектеши да го потпише овој договор со Владата на Република Грција.
Од исклучително значење за работниците и за нивните права е соработката меѓу најголемите синдикати, оцениле претседателите на Сојузот на синдикати на Македонија и на Конфедерацијата на слободни синдикати, Дарко Димовски и Благоја Ралповски.
Просечната исплатена нето плата во јануари изнесувала 28.272 денари што е за 2,7 проценти повисока од истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според евроамбасадорот Дејвид Гир, ефикасниот и транспарентен систем за јавни финансии е предуслов за економскиот раст на секоја држава. Со таков систем се намалуваат ризиците од измама и корупција и се враќа довербата на јавноста дека јавните пари се трошат во интерес на граѓаните.
Симптоматично е и тоа што некои понудувачи доставувале понуди блиску до проценетата вредност, иако проценетата вредност на тендерите не се објавува јавно.
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни2020 година. Клучните наоди од мониторингот вклучуваат:
Втората можност, како што рече Бислимовски во гостувањето во Студио 10 на Телевизија 24, е парите за субвенции да се исплаќаат директно на снабдувачот кој пак ќе ја намали крајната сметка што ќе треба да ја платат ранливите категории на домаќинства.
Ова се само некои од прашањата за кои МИА поразговара со Татјана Штерјова Душковска, новиот генерален секретар на КИФ.
По денешното одложување на собраниската седница на неодредено време и повторното одложување на усвојување на петтиот пакет мерки за помош на фирмите, како и изјавата на пратеникот Скендер Реџепи, дека граѓаните ќе можат уште некој месец да издржат без пари, бидејќи поважен е законот за државјанства, секторот туризам чувствуваше неодложна потреба да реагира.