– Членките на Македонската банкарска асоцијација, како и секогаш досега, ќе ги следат сигналите на централната банка во согласност со своите деловни политики, велат за МИА од МБА.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки за 1,8 отсто на месечно ниво, а за 2,7 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Сметам дека на некои барања во овој момент е невозможно да се одговори, но секако креираме механизми за преку системско решавање да се помогне во овој момент или во наредниот период, рече денеска вицепремиерот Фатмир Битиќи за ултиматумот што го упатија вчера музичарите.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска уште еднаш ги повика пратениците да ги донесат законите кои треба да овозможат спроведување на економските мерки за поддршка на граѓаните и стопанството.
На иницијатива на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Владата донесе одлука да се формира нова државна индустриска зона во Битола
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка вчера на седница одлучи основната каматната стапка да се намали за дополнителни 0,25 п.п., до нивото од 1,25 отсто
Минималната потрошувачка кошничка во февруари изнесувала 33.702 денари што значи дека толку пари му биле потребни на едно четиричлено семејство за да ги подмири основните месечни потреби
На денешната владина седница беше разгледана и усвоена Информацијата во врска со одлуката за продолжување на постапката за основање на Туристичка развојна зона „Сарај – Езеро Треска“.
Владата на денешната 51.седница ја разгледа и усвои Информацијата за изнаоѓање решение за Ски центарот Попова Шапка, како и можноста Елем Турс да се одвои од АД Електрани на Македонија за да функционира како самостоен субјект во рамките на Владата.
– Целта на измените и дополнувањата на Законот за тутун е да се продолжи периодот на откуп за еден месец со што ќе се надминат проблемите со откупот на тутун и ќе им се овозможи на откупните претпријатија да го откупат целокупното производство на тутун, истакна Талевски.