Новите дополнителни и построги мерки на грчката Влада воведени во понеделникот за граничните премини Евзони кон Македонија и Какавиа кон Албанија, што важат и за транспортерите, предизвикаа реакции од Федерацијата на грчките камионџии, кои испратија писмо до надлежните министерства со предлози и барања, но и не ја исклучуваат можноста да постават блокада на Евзони
Бруто домашниот производ за четвртото тримесечје од 2020 година изнесува минус 0,7 отсто, а за целата 2020 година минус 4,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Тотално ќе биде небитно што донесовме добар Закон за јавни набавки, ако не креираме услови за избор на најдобар економски оператор, им порачаа компаниите на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната работна средба во Стопанската комора на Македонија.
Во тек се разговори со политичките партии и пратениците за новиот закон за легализација на бесправно изградените објекти во земјава.
Компаниите нема да задоцнат со апликациите за финансиска поддршка за плати за февруари ако законското решение влезе во собраниска процедура и биде изгласано наредните десет дена, рече денеска вицепремиерот, Фатмир Битиќи.
Од над три милиони пристигнувања во 2019 година по копнен пат од Македонија во Грција, лани, поради пандемијата и затворените граници, бројот се намалил на 500.000, односно регистриран е пад од 84,5 отсто, согласно податоците од Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси
Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими одговорајќи на новинарски прашања на средбата во Стопанската комора на Македонија
До крајот на март треба да излезе првичниот драфт на Царинскиот тарифник со одредени усогласувања на царинските стапки како што барааа компаниите, а драфтот за даночниот календар може да се очекува следната недела, рече денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими на работната средба во Стопанската комора на Македонија
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска, од работната средба со вицеопрмеиерот Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, упати апел до сите парламентарни партии, на денешната собраниска седница која се одржува по подолго време, да ги изгласаат економските закони
Споредбената анализа на еден од водечките информативни сервиси за централно банкарство и финансии во светски рамки, „Централ бенкинг“, открива дека Народната банка на Република Македонија се вбројува меѓу централните банки коишто водат сметка за ангажирање квалитетни и посветени кадри, кои се клучен столб при изготвувањето и примената на здрави и издржани политики