Предлог-протокол за работа на рестораните за свадби и ноќните клубови ќе биде доставен до Комисијата за заразни болести, договорија денеска претставниците од секторот со вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски
Во последниот квартал од минатата година стапката на слободни работни места изнесува 1,57 отсто, објави Државниот завод за статистика
За денар до денар и половина се зголемуваат цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Со кутии во кои е спакувана опремата, наредени долж булеварот „Илинден“ пред Владата, компаниите од ивент индустријата денеска симболично го одбележаа „поменот“ – една година откако се воведе забраната за одржување јавни настани.
Социјалниот дијалог треба да се прошири и на прашањето на родовиот јаз при исплата на платите, а преку почитување на колективните договори може да се дојде до поефикасно решение за надминување на таквата разлика, смета Сојузот на синдикати на Македонија
Рокот за откуп на тутунот ќе се пролонгира до 31 март за да се докупат уште околу 1 500 тони што како вишок останаа, а набрзо ќе се знае кој ќе ги преземе количините.
Пандемијата скрати 6783 работни места во текстилниот сектор, покажа анализата на истражувачкиот тим на Здружението за истражување и анализа (ЗМАИ)-Скопје
Поголема праведност во оданочувањето, подобра наплата на приходите, зголемена транспарентност, подобри услуги и воведување еколошко „зелено“ оданочување се петте приоритети во Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025 година, која е усвоена од Владата, вели министерот за финансии Фатмир Бесими
По првото тримесечје од 2021 ќе почнат да слабеат ефектите од здравствената криза и соодветно на тоа ќе почне да се враќа довербата на инвеститорите, како и да се намалува преголемата претпазливост на потрошувачите, што би резултирало со стапка на раст на економијата од 4,1отсто, согласно основото сценарио
Просечната каматна стапка на кредитите, во јануари годинава, забележа минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 4,62 отсто, додека на годишна основа, просечната каматна стапка на кредитите е намалена за 0,31 п.п., покажуваат последните објавени податоци на Народната банка