Можни се нови германски инвестиции во земјава, најави денеска делегацијата на СР Германија на третиот состанок на Заедничкиот економски управувачки комитет
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на итна седница со која претседаваше претседателот на Комисијата Нора Алити поради измамнички и манипулативни дејствија донесе Решение со кое трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје, чиј управител е Виктор Мисовски. Комисијата трајно му ја одзема дозволата за работење и на лицето Дејан Делимитов, кој е овластен инвестиционен советник во друштвото
Од 1-ви следниот месец започнува функционирањето на платниот промет во АД Пошта на РМ пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) им препорача на осигурителните друштва кои 2020 година ја завршиле со добивка оваа година да се воздржат од исплата на дивиденда. Препораката денеска е испратена до сите осигурителни компании на домашниот пазар за осигурување
Во тек е исплатата на повратот на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи
Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во партнерство со Националниот институтот за градежништво на Словенија (ЗАГ) и Заводот за геолошки истражувања на Словенија (ГЕоЗС) денеска организира интернационална онлајн работилница на тема „Регистер за секундарни минерални суровини за производство на клинкер/цементи со ниска емисија на ЦО2“
Централниот регистар на Република Северна Македонија информира дека ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2020 година во хартиена форма на 27 феврурари во сабота од 08.00 до 16.00 часот и на 1 март 2021 година од 08.00 до 20:00 часот
Приходите од продажба на Македонски Телеком во 2020 година се зголемени за 2,3 отсто и изнесуваат 11,085 милиони денари
Евроинтеграциите ќе обезбедат можности за повисок раст. Ние сме максимално посветени на зацврстување на оваа стратешка определба преку поставување силни темели коишто ќе овозможат реализација на клучните реформи, истакна министерот за финансии Бесими на средбата во Брисел со заменик-генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, Мачеј Поповски
Советот на Народната банка денеска одржа редовна седница на којашто донесе Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. Оваа одлука се однесува и на штедилниците, соопшти Народната банка.