На денешната редовна владина седница се очекува да биде усвоена инфорацијата за петтиот пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните поради ковид пандемијата
Претседателот на Владата Зоран Заев денеска прими делегација на регионалното претставништво на германската компанија „Сименс“, предводена од генералниот директор Удо Ајхлингер.
Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за јануари 2021 година изнесува 33.650 денари.
Вкупно 6.118.213.000 денари изнесува откупот и продажбата на земјоделски производи во четвртото тримесечје од 2020 година што е намалување за 22,4 отсто во однос на истиот период во 2019 година
Во периодот јануари‒декември 2020 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 211 913 илјади денари, што е за 31,1 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика
Грант во висина од 2,4 милиони евра наменет за енергетска транзиција од традиционалните кон обновливите извори на енергија доби денеска Македонија од Германија
Малопродажните цени на евродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари и од вечер на полноќ ќе изнесуваат 54,50 денари за литар, односно 43,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Премиерот Зоран Заев верува дека Владата ќе биде подготвена утре на редовна седница да ја усвои информацијата за петтиот пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните поради ковид пандемијата.
Во декември 2020 година се издадени 305 одобренија за градење, што е за 6,6 проценти повеќе во однос на декември лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ако ги затвориме сите електрани во земјава кои при производството на струја емитираат јаглерод диоксид, ќе мора да увезуваме 67 проценти од потребната електричната енергија за што годишно ќе трошиме по 187 милиони евра, беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија