Тој посочи дека се при крај со подготовката и дизајнирањето на петтиот сет економски мерки и во текот на наредните денови, како што рече, ќе бидат презентирани од страна на претседателот на Владата и економскиот тим.
Тој посочи дека со практичното надоградува од прва до четврта година, лесно може да им обезбеди работно место да бидат сериозно квалификувани и да биде држава компетитивна со другите земји.
За една и пол година ќе се изгради автопат Прилеп-Битола по нови, европски стандарди, најави заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи
Според нив, добиените податоци од пописот ќе овозможат дополнителни информации за сегашните и за идните потенцијали за економски развој, кои ќе бидат од значајна корист за компаниите при дефинирањето на нивните стратешки политики и активности.
Идната недела ќе го финализираме петтиот пакет економски мерки за да се усвои на Влада и да профункционира, изјави заменик претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи.
Во декември минатата година државава ја посетиле 6016 странски гости. Според објавените податоци бројот на странски туристи во овој месец во однос на декември 2019 година бележи намалување од 85,2 отсто
Во понеделник, на средба со Сојузот на производители на тутун, Одборот што организира протести и откупните компании, ќе се утврди точната методологија за распределба на петте милиони евра помош за тутунарите, предвидени со петтиот пакет антикризни мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа
Прометот во индустријата во декември минатат година бележи раст од 7,9 отсто во однос на декември 2019 година, во однос на ноември 2020 година има намалување од 11,9 отсто, а за периодот јануари -декември 2020 година во однос на 12-те месеци 2019 година намалување од 7,8 отсто, објави Државниот завод за статистика
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека на сметките на 14 113 лица кои одгледуваат лозови насади исплатила вкупно 550.741.044 денари
Продлабочувањето на економската соработка, но и забрзаната реализација на значајните инфраструктурни проекти со што ќе се зголеми поврзаноста со Бугарија, беа тема на разговор на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и бугарскиот амбасадор во државава Ангел Ангелов