Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со кафе бар „Нагоре“, денеска ќе ја отворат изложбата на дела мал формат насловена „10во12“ на ликовниот уметник Костадин Батев.
Филмот „Жена убиец/Фониса“ говори за една трагична приказна, базирана на познатиот роман на Александрос Пападиамантис, прикажувајќи го начинот на кој што функционирало општеството на грчкиот остров Скопелос во 1900 година.
Публиката во салата на Центарот за култура Крива Паланка синоќа уживаше во комичните реплики и хуморот на младата актерка Надица Петрова од Театарот „Златен Елец“, која настапи со стендап комедија.
Со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во државата, вечер во КИЦ-Скопје (Салон 19:19) ќе биде отворен шестиот Меѓународен фестивал за кларинети Кларифест - Скопје 2024.
Идните петок и сабота ќе бидат прикажани и филмовите „Инвалид“ (12 април) на словачкиот режисер Јонас Карасек, снимен минатата година, и „Плоштад Москва“ (13 април) на унгарскиот режисер Ференц Торок од 2001 година. Сите проекции се бесплатни за посетителите
Кинотека на Македонија соопшти дека оваа година е дел од проектот „ФилмЕД“, чија што цел е да развива и имплементира тренинг програми за наставници и едукатори, кои ќе стекнат знаење и пракса за спроведување на филмска едукација во наставни цели.
Ова се дел од денешните пораки од вториот ден од манифестацијата „Деновите на македонската литература“ што се одржа во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје.
Како што посочи, доминираат темите за машко-женските односи, доминацијата на мажите, оттуѓеноста на современиот човек во грчкото општество, занимавањето со смртта во разни димензии, како казна, како решение, како поттик, како мотивација.
Во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ утревечер ќе се игра претставата „Професионалец“ по текст на српскиот драмски писател Душан Ковачевиќ, а во режија на Саше Серафимовски. Режисерот подготви втора камерна верзија и изведба на овој текст, по првата претстава во јни 2023 година.
Во Филхармонијата вечерва, ќе се одржи концертот „Светлина“, на кој како солист ќе настапи виолинистот Станко Мадиќ (Србија/Германија), концертмајстор на Радио-оркестарот на Минхен. Диригент на концертот „Светлина“ е маестро Оливер Балабурски.