На четвртиот ден од Млад отворен театар вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе биде изведен танцовиот перформанс од Италија „Човековиот срам“, резултат од проектот „Поетиката на срамот“ во копродукција на #Reteteatro41 и Фондацијата „Матера 2019“. Премиерно беше изведен во март во Матера – италијанскиот град кој годинава ја носи титулата Европска престолнина на културата
Во Музејот на Град Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Допир на огнот – приказна за стаклото од музејските збирки на Црна Гора“
По вчерашното свечено отворање на јубилејното 40. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, денеска имаше средби со големите филмски имиња како филмскиот снимател Хозе Луис Алкаине и ирскиот режисер и сценарист Џим Шеридан. Се одржа разговор со добитникот на наградата на ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, композиторот Љупчо Константинов.
ИФФК „Браќа Манаки“ четири децении доследно го чува и почитува наследството што го оставија Јанаки и Милтон Манаки.
Општинската установа Народен музеј Свети Николе се подготвува за големата изложба на артефакти од локалитетот Градиште во село Кнежје.
Синоќа во Битола на свечен начин беше отворено 40. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Во преполната сала, во присуство на многубројни гости од светот на кинематографијата, се обрати и министерот за култура Хусни Исмаили, кој зборуваше за важноста на традицијата што ја негува овој фестивал во изминативе години и за значењето што успеа да го обезбеди во светски рамки.
Со перформанс подготвен од режисерот Срѓан Јанаќијевиќ и со доделување на наградата Златна Камера 300 за животно дело која ќе му биде врачена на светски познатиот американски кинематограф Едвард Лакман
Железничката зграда во Скопје како симбол на заедништво и солидарност e предмет на уметничкиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на Филип Јовановски, со кој вечер во Младинскиот културен центар беше отворен 44. Млад отворен театар
ИФФК „БраќаМанаки“ информира дека на еден ден пред почетокот на 40-тото јубилејно издание, во Северна Македонија пристигна Едвард Лакман, годинашнит лауреат на Златна камера 300 за животно дело.
Наградата „Антево перо“ за 2019 година ѝ се доделува на Александра Димитрова за поетскиот ракопис „Дупка“. Одлуката ја донесе оценувачка комисија во состав: проф. д-р Венко Андоновски (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), по неколку одржани состаноци.