Во рамките на научната и уметничка визита што се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид, ќе се отвори изложбата "Цртеж на свила" од Лена Зафировиќ, архитект
Во Уметничката галерија Тетово вчеравечер беше отворена прва самостојна изложба на иконографска резба на Мирче Аврамовски од Тетово, кој пред тетовската јавност претстави 40 икони изрезбрани во оревово дрво
Документарниот филм „Медена земја“ од 26 јули ќе се прикажува во кината во САД. Застапуван од американската компанија за производство и дистрибуција на филмови „Неон“, која ги откупи правата за прикажување во Северна Америка, македонскиот победник на „Санденс“ ќе има кинодистрибуција во селектирани киносали, вклучувајќи ги „Ламли Ројал“ во Лос Анџелес и „Куад синема“ во Њујорк
Музичката програма на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на руските уметници Денис Шаповалов на виолончело и Александер Вершинин на пијано
На „Скопско лето“ вечер од 20.30 часот во Ликовниот салон на Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде отворена изложба на фотографии „Спомен од Битола 2019“, во соработка со Амбасадата на Израел и здружението „Acta Non Verba“. Изложбата ќе претстави 27 победнички фотографии избрани од жири на интернационалниот натпревар „Спомен од Битола 2019“
Во едицијата „Современа македонска проза“ на „Матица македонска“ објавена е книга кратки раскази „Чувар на тајни“ од Јован Стрезовски, кои ја тематизираат реалноста од нашето секојдневие.
Македонскиот диригент Виктор Митревски ќе ја диригира операта „Свадбата на Фигаро” од Волфганг Амадеус Моцарт во австрискиот град Вајдхофен ан дер Ибс во продукција на „Опера наоколу“ („Опер рунд ум“)
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ги завршува подготовките на нова премиерна претстава како и подготовките за настап на „Охридско лето“ и фестивалот „Град театар“ во Будва, Црна Гора
Самостојна изложба „Магијата на цветовите“ на Tасим Кадрија ќе биде отворена денеска во галеријата на КИЦ на РСМ во Софија
Со детски работилници на уметникот Доротеј Нешовски и писателката Билјана Црвенковска, на 26 јули во 18:30 часот ќе почне мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува на овој ден за да потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани