Програмата на „Охридско лето“ вечерва нуди две содржини и тоа модерната балетска поставка „Либертанго“ на сцената „Долни Сарај“ од 22 часот и солистички концерт на уметникот на пијано Оли Мустонен од Финска
Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ со диригентката Летка Димовска-Полизова вечер од 20.30 часот во Куршумли ан ќе го одржи концертот „Глорија – концерт за душа“ кој на 4 јули беше одложен поради силното невреме во Скопје. Влезот за посетители е слободен
Во рамки на првиот летен фестивал „Summerland“ кој се одржува под покровителство на Град Скопје, вечер и утревечер на Школка во Градски парк ќе бидат прикажани два македонски филма
Владата на денешната седница ја усвои Програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа.
Штипскиот Дом на млади оваа недела е домаќин на три настани, што се дел од Штипско културно лето (ШКЛ), информираше на прес-конференција директорот на Дом на млади, Горан Трајков. Првиот настан е вечерва и станува збор за самостојна изложба на младиот уметник Марко Вујисиќ од Скопје.
Националната галерија организираше средба со холандскиот амбасадор во заминување Вилем Ваутер Пломп на која му се заблагодари за континуираната поддршка на нејзината работа, пред сè во реализацијата на едукативниот проект „Уметност за сите“ за деца од ранливите категории, финансиран од програмата МАТРА на Амбасадата на Холандија во земјава
На „Скопско лето“ вечер од 21 часот во Куршумли ан концерт ќе има „Византиска силуета“ – група од Исланд која интерпретира балканска музика. Бендот е основан во 2010 година и неговата програма содржи грчки, македонски, бугарски и турски песни
Шестиот ден од програмата на годинешното 59-то издание на „Охридско лето“ нуди концерт на полското трио „Пендерецки“, составено од уметниците Конрад Сколарски на пијано, Јарослав Наджицки на виолина и Карол Марјановски на виолончело
Заврши десетото јубилејно Патувачко кино на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што традиционално се одржува во Струшкиот регион, а годинава прв пат имаше и регионален карактер.
Заврши Патувачкото кино на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој прв пат имаше регионален карактер.