Концертот го носи наслов „Сила“, бидејќи е фокусиран на моќта на интерпретацијата, страста и енергијата којашто и самите изведувачи треба да ја донесат на сцената.
Ова е втора постхумно објавена книга на Ванче Стојчев. Првата беше монографијата „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, објавена во 2011-та година, во коавторство со Александар Стојчев.
Посочи дека со Крива Паланка како Град на културата ќе се оствари соработка и меѓународна поврзаност која во иднина ќе ја претставува македонската култура надвор од границите.
Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, во текот на месец март, секоја среда во киносалата на Кинотека ќе има ретроспектива на култните филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“.
Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Филхармонијата на премиерното издание на првиот „Candlelight“ - концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, на кој како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, што ќе се одржи на 12 април.
- Филмот претходно освои пет награди на филмските фестивали, од кои три за најдобар долгометражен филм во Бугарија, Перу и Панама, понатаму добитник е на специјална награда во Романија и за најдобра кинематографија во Албанија, се наведува во соопштението.
Театарот „Златен Елец“ се претставува в петок, 8 март, со „Кенди“ според истоименото дело на Лук Дејвис. Адаптацијата и режијата е на Тамара Стојаноска, а улогите ги играат Лео Поповиќ и Бобан Алексоски.
Најпрвин, со почеток во 18 часот, м-р Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“.
Балетската претстава „Заспаната убавица“ преточена во музиката на Петар Илич Чајковски ќе се одржи на 7 и 8 март на сцената на Националната опера и балет (НОБ).
По осмомартовскиот концерт во организација на „Охридско лето“, се најавува велигденски, како завршница на концертите надвор од официјалната програма.