Во театар „Комедија“ вечер од 20 часот ќе се одигра претставата „Анатомија на неверството“ во режија на Александра Кардалевска, информираат денеска од театарот.
Вевчанскиот карневал е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Како што соопштија од Министерството за култура, одлуката е донесена денеска на владина седница.
Документарниот филм „Патување пеш“ (The walk) во режија на Тамара Котевска почнува со европска фестивалска турнеја
Македонскиот народен театар (МНТ) хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“. Претставите ќе бидат изведени на 3 април 2024 година, во 12:00 и во 20:00 часот.
Со проекција на филмот „Страста на Доден Буфан“ на режисерот Тран Ан Хунг, во петок, 1 март ќе биде отворено годинешното издание на Франкофонија во Скопје. Филмот ќе биде прикажан во кино „Милениум“.
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Белград синоќа се одржа промоција на зборникот „Македонски у 30 лекција'' од авторката Елеонора Конеска Средојевиќ, а во реиздание и во соработка со белградскиот весник „Политика'', јави дописникот на МИА од Белград.
Краткометражниот игран филм „Врзани“ - режисерското деби на македонската актерка Сара Климоска е дел од селекцијата на престижниот „European Short Pitch“ програм, чија финална фаза ќе се одржува од 26 до 29 февруари во Рен во Франција.
Во велешкиот театар вечер во 20 часот ќе се одигра претстaвата „Добри луѓе“ во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“.
Носител на проектот е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје и тој е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија
Во Националнa галерија „Мала Станица”-Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „Дома пред да се стемни“ (Home Before Dark) на украинската уметница Софија Чотирбок.