Како што информираат од Македонската филхармонија, на програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и симфониската поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин.
Филмот го опфаќа периодот на анархизмот и бунтовноста на 1970-тите години, независноста на Словенија, демонстрациите во центарот на Љубљана, сè до учеството на UEFA Euro 2000 во Амстердам.
Интернационалниот фестивал на научна фантастика во Бостон е оформен далечната 1976 година што го прави втор најстар жанровски филмски фестивал во САД.
Јазиците се важни, тие не се само средство за комуникација, туку и интегрална компонента на индентитетот на секој поединец и нација, начин на зближување на различностите, толеранција и меѓусебно прифаќање.
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска пред Универзалната сала по повод отпочнување на активностите посочи дека Универзалната сала е архитектонски и културен симбол на Скопје.
Беса Даути доаѓа на местото на досегашната директорка, Арбенита Мета, која ја раководеше установата од октомври 2023 година
Во главните улоги ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија) со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Најзначајна измена предвидена со Предлог-законот е дека до донесување на новите детални урбанистички планови усогласени со режимот на заштита утврден во овој закон, не ќе може во Старото градско јадро на Охрид да се градат нови објекти, доградби и надградби.
Како што информираат од МНТ, главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа.
На сцената на Битеф Театар во Белград вечер ќе биде изведена претставата „Нора - Куќа за кукли“ по текстот на Хедрик Ибзен а во режија на Теодора Силјаноска. Претставата е дел од годинешната селекција на Битеф Театар за „Месецот на независна сцена“.