Собраните средства од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на младиот Леонид Индов, кој во несреќен случај во Грција се здоби со тешки повреди, по што беше опериран и му претстои долготрајно и скапо лекување.
Државниот секретар во МНР Филип Тосевски кажа дека во нашите демократии, се негува слободата на изразување, која за жал, понекогаш се злоупотребува и погрешно се подразбира при што и ден денеска некои умеат да прават грешки преку искривоколчување на историските факти поврзани со Втората светска војна од минатиот век или пак, вели, уште полошо со негирање на Холокаустот.
Пратениците го донесоа Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот од 1998 година.
На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е подготвен за „Вујко Вања“, првата премиерна претстава во оваа година која ќе се одигра утревечер на големата сцена „Благоја Стефановски-Баге“.
Оркестарот на Филхармонијата вечерва во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Одисеја“ со изведба на дела од скандинавските композитори Едвард Григ и Јан Сибелиус. Диригент е Кристијан Рајф од Германија, а како солист ќе настапи Афродити Патулиду од Грција.
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска информираше дека Предлог законот за употреба на македонскиот јазик во петокот ќе биде ставен на дневен ред на собраниска седница. Таа се надева дека истиот ќе се изгласа и ќе се пристапи кон неговата практична примена.
Спомен-домот на Тоше Проески на Гумење во Крушево, со повеќе манифестации утре ќе потсети на роденденот на нашата и балканска голема музичка ѕвезда, Тоше Проески. Да беше жив, Тоше ќе наполнеше 43 години.
Писателот Иван Антоновски денеска соопшти дека ја повлекува кандидатурата за претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).
Националниот џез оркестар вечер во 20 часот ќе го одржи својот прв концерт во просториите на Националната опера и балет.