Националниот џез оркестар вечер во 20 часот ќе го одржи својот прв концерт во просториите на Националната опера и балет.
Таа додаде дека годинава, програмата на Четвртата зимска школа има нов коцепт, многу новитети и богати содржини. Семинаристите, како што рече, ќе работат во две секции - јазична и литературно-културолошка (со преведувачка работилница).
Писателот Блаже Миневски денеска соопшти дека ја повлекува кандидатурата за претседател на ДПМ и нема да присуствува на закажаното продолжување на вонредното Изборно собрание на Друштвото.
Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово вчеравечер ја организираше манифестацијата „Сите на оро“.
Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово бележи 29.726 позајмени книги од страна на членовите и 3.221 продолжувања на рокот на зајмување. Скоро 30-те илјади книги ги позајмиле 4.644 активни членови.
За наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, на годинашниот конкурс пристигнале 35 романи.
„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ќе биде прикажан на јубилејното 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“, што ќе се одржи од 24 февруари до 3 март во Аризона.
Македонскиот и албанскиот јазик си подадоа рака и отворија мостови за високообразовна, научна и културно-дипломатска соработка меѓу две добрососедски земји и култури.
„Почеток“ е насловен концертот на Филхармонијата вечер од 20 часот со кој ќе биде отворен вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“. Како солист ќе настапи кларинетистот Здравко Ангелов, а оркестарот ќе го води диригентот Алфонсо Скарано од Италија.
Делата, како што се наведува во соопштението од Министерството за култура, се дел од легатот на семејството Личеноски на Националната галерија на Македонија.