Сценариото и сонговите на Петар Пан, омилениот лик од романот на Џејмс Метју Бари, ги напиша Ристо Самарџиев, режијата и кореографијата се дело на Ирена Лозинска, а за магичната музика се погрижи Владимир Дојчиновски.
Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ е Зоран Бојаровски.
Македонската филхармонија годината ќе ја заокружи со двата новогодишни концерти кои се распродадени уште пред неколку недели.
Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје го објави второто издание на романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, верзија раскажана од позиција на Јанка Каневче.
Во Кинотека на Македонија денеска и утре ќе се одржува 14. „Анимакс Скопје фест’ на кој во официјалната селекција ќе бидат прикажани 30-ина анимирани филмови избрани од над 1800 пријавени остварувања од светот.
Оркестарот на Македонската филхармонија вечер ќе го изведе концертот насловен „Бескрај“ на кој како солистка ќе настапи бугарската виолинистка Албена Данаилова, а диригент е маестро Најден Тодоров од Бугарија.
Министерката Костадиновска-Стојчевска рече дека успеале проектот за старата зграда, темелот на македонскиот културен и национален идентитет, да го донесат до фаза на изведба.
Овој балетски триптих, работен по идеја на костимографот Александар Ношпал, се базира на циклусот „Молитви на моето тело“ и е структуиран во три чина - „Раѓање“, „Преплетување“ и „Вознесување“ , кои заедно формираат една органска целина.
Според информациите од Општина Охрид што и го организира настанот, со изложбата насловена „Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии, 1893-1934“, ќе бидат одбележани три јубилеи
Градската библиотека „Григор Прличев“ распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена големиот поет и преродбеник, патронот Григор Прличев, на тема „Како против пизмата?“.