Од 1 мај почнува пријавувањето за полагање на испит за добивање на лекторска лиценца по македонски јазик.
Светскиот ден на книгата и авторското право по УНЕСКО ќе се одбележи денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски - Скопје“.
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија вечер од 20 часот во големата сала на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во чест на својот долгогодишен диригент и уметнички раководител Саша Николовски Ѓумар (1966-2017).
Претставата „Дух“ од Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ во вторник премиерно ќе биде изведена во Македонкиот народен театар.
По објавувањето на соопштението (29.03.2018) на Министерството за култура, во кое се известува за поништувањето на Конкурсот за откуп на нови композиции за 2017, должни сме да реагираме поради следниве пропусти:
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје денеска организира настан за промоција на библиотекарството под наслов „Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“, како дел од „Годишната програма на проекти и манифестации во областа на културата од јавен интерес за Град Скопје за 2018 година“.
Со премиера на играниот филм „Година на мајмунот“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски и во продукција на „Панк филм“, вечерва во кино „Милениум“ е отворен 21. Скопје филм фестивал.
Битно е што ја усвоивме стратегијата за развој на културата. Веќе формирав неколку работни групи кои ќе работат на акцискиот план на имплементација на стратегијата. Очекуваме за 20-тина дена да излезе новиот концепт за новиот закон за култура. Ова се тие големи прашања на кои работиме.
Дали е животот среќа или стратегија е прашање кое го поставува новата премиера на Драмски театар-Скопје „Партија реми“ каде што делењето карти е метафора за шансите што ги користиме или не во животот.
Националниот комитет на ИКОМОС денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, годинава на тема „Наследството за генерациите“.