За својата љубов кон македонската музика Питер денеска зборуваше во просториите на „Танец“ и на ансамблот му предаде дваесет плочи изворна музика, како и дигитализирани композиции.
Петнаесет нови изданија (десет на македонски и пет на англиски јазик) од едицијата „Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“ промовираше денеска Управата за заштита на културното наследство во Археолошкиот музеј на Македонија.
Собраниската Комисија за култура денеска го разгледа Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција во прво читање и оцени дека е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, придружуван од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски денеска беше во посета на на Скопски Аквадукт.
Најголем дел од спорните ситуации во Годишната програма за култура се разрешени со повлекување на проектите од страна на учесниците, а за дел од случаите е потребно и мислење од Антикорупциската комисија, изјави денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски.
Поддршката за културата во РМ за граѓаните од албанска националност е четирикратно зголемена во однос на сите досегашни практики.
Со усвојувањето на Стратегијата за развој на културата 2018 – 2022 и aкцискиот план, Владата отвори процес на темелни реформи, преструктуирање и обнова на културниот систем во Република Македонија, порача министерот за култура на прес-конференција на која ги презентираше двата документа.
Не прикриваме ништо, ниту одбегнуваме одговорност, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски по бројните реакции за проектите на кои им се доделени пари со Програмата за култура во 2018 година и на барањето и очекувањето од ВМРО-ДПМНЕ да понесе морална и политичка одговорност.
Со изведбата на комедијата „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски, прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вчера вечер ја одблежа 68-годишнината од своето постоење.
Македонскиот Народен Театар ја најави првата премиера во 2018-та година. „Госпоѓиците од Авињон“, работена по драмски текст на Сашо Димовски, а во режија на Ненад Витанов ќе биде изведена на 21-ви февруари на малата сцена на МНТ.