Во Културно-социјален простор Центар-Јадро во Скопје вечер ќе се одржи премиерната изведба на театарскиот перформанс „Лилит".
Пријавувањето на Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојни уметници за 2024 година се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.
Манастирот во Матејче и џамијата во Табановце, два сакрални објекти од поширокиот кумановски регион се опфатени во проектот „Скриена убавина“ на НУ Музеј Куманово и ЛАГ Абер 2015 беа промовирани пред јавноста, соопштија денеска од музејот.
Монографија за 75 години театар Куманово беше промовирана вчера во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово. Вработени во театарот, актери, драматурзи Кети Дончевска-Илиќ, Симона Тоскиќ, Сашо Костовски и Зоран Зафировски се автори на монографијата.
Љубица Кубура е родена на 29 јануари 1988 година во Белград. Пишува колумни за неколку портали во Србија. Нејзино претходно дело е збирката раскази „Белградски акварел“.
Во дуо драмата играат Васил Зафирчев како осудениот и Исидор Јованоски како џелатот. Музиката за претставата и нејзината изведба во живо е на Сашко Костов.
Од печат деновиве излезе двотомната книга „Словенија и Македонија: калеидоскоп на пријателство и дипломатија“ на Свето Стаменов.
Во Културно-информативниот центар денеска ќе биде промовирана книгата „Траума и театар: Горан Стефановски“ од Мишел Павловски, во која авторот се занимава со три теми: културната траума, идентитетите и театарот на Стефановски.
Романот „Идис“ од Робер Бадентер, новата книга од издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ преведена од француски на македонски јазик од Гзиме Старова, денеска излезе од печат. Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура.
Светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, ќе биде на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм „CPH:DOX“ на 23 март 2024 година во Копенхаген, Данска, соопштија денеска од ЈУ Младински културен центар.