Во општинската библиотека „Ванчо Прке“ во Виница синоќа беше промовирана најновата книга „Цртички од животот“ од авторот Ангел Богатиновски, кој е најстариот жив учител во Виничко.
Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во Музејот на македонската борба за самостојност, со почеток во 19 и 30 часот. Хорот ќе изведе композиции од европската и италијанска ренесанса под диригентство на Марија Андонова.Влезот е бесплатен.
Во Железничката зграда во Скопје вечер ќе се одржи перформансот „Градот како сцена II – приказна за шетачката“, како дел од програмата на 48. издание на МОТ. На репертоарот вечер се и перформансите „Кем“ и „Сингуларност“.
Меѓу главните цели на натпреварот како што додаде е учениците да користат кирилично писмо.
На одбележувањето ќе се обрати деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев и раководителот на Институтот за филозофија, проф. д-р Ана Димишковска.
Изложбата „Светите новомаченици од Јасеновац во светлината на воскресението“ на Музејот на жртвите на геноцидот од Белград ќе биде отворена денеска во Музејот на македонската борба за самостојност.
Изложба на дела создадени на 33. и 34. сесија на Ликовната колонија Галичник ќе биде отворена вечерва во Мултимедијалниот центар Мала станица, со почеток во 19:30 часот.
- Заедничката изложба на слики на Билјана Билбилоска и Жоао Серано насловена „Помеѓу виртуелноста на конкретноста“ се отвори вчеравечер во новиот салон на галеријата „КО-РА“ – сутерен.
- Почна продажбата на билети за детскиот музички спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“, кој ќе се одржи на 24 декември 2023 година во 13 часот во Арената „Борис Трајковски“.
Ова доаѓа откако на предлог на Министерството, Владата донесе одлука за основање национална установа „Спомен куќа на Мустафа Кемал Ататурк“ - Коџаџик во Центар Жупа.