Посочи дека во изминатите 30 години се остварени голем број соработки во сите области, а дека Лондон, „како моќен светски политички и економски центар“, е предизвик и за соработка во културата.
Пратениците на денешната седница на Комисијата за култура дебатираа за активностите за подготовка на Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2024 година.
На изложбата „Попаметен град“, што беше отворена во саботата во рамки на фестивалот АКТО 18, беше изведен дел од перформансот во развој насловен „Попаметни граѓани 01.“
На концертот тој ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот пијанист Ведран Јањанин, ќе изведат дела од македонски автори, како и дела од Густав Холст, Сергеј Рахмањинов и Витолд Лутославски.
- Претставата ќе се одигра на 25 октомври на сцената „Бора Станковиќ" во Врање, а ќе учествуваат и театарските куќи од Србија, Хрватска и Романија, соопштија од МНТ.
Неделата на италијанскиот јазик во светот оваа година е посветена на одржливоста. Презентацијата ќе се одржи во „Europe House“ во Скопје, во присуство на авторот Алесио Ликуори и издавачот Алберто Ости.
Џез тапанарот, импровизатор и композитор Драган Теодосиев годинава ја доби наградата за најдобар млад македонски џез музичар, што традиционално ја доделува Скопскиот џез фестивал.
Промотори на книгата ќе бидат универзитетските професори Венко Андоновски и Димитар Пандев, а за настанот е предвидена и музичка програма на Драган Даутовски.
Тој појаснува дека на овој ден, милиони луѓе низ светот прославуваат, се радуваат, безмилосно вежбаат, се подготвуваат за нови предизвици, се со цел да ја споделат својата приказна и љубов кон операта со својата публика.
По денешната проекција, филмот ќе се прикажува во среда (25 октомври), четврток (26 октомври), петок (27 октомври) и сабота (28 октомври).