- Изложбата на фотографии „Македонските архитектурални скулптури“ од Ерина Богоева вечер во 20 часот ќе биде отворена во Галерија 2 во Младинскиот културен центар.
- Писателот Христо Петрески поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).
- Со промоцијата на книгата за творештвото на познатата босанска уметница Шејла Камериќ продолжува Програмата на осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура во организација на Контрапункт.
Камерниот ансамбл на Филхармонија – „Алтус“ вечерва со почеток во 19 часот ќе одржи концерт под диргентската палка на маестро Паскал Галоа од Франција. Камерниот ансамбл „Алтус“ во состав од Катарина Павлович – виолина, Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано и Антоние Весковски – вибрафон, ќе изведе дела од А.Р. Томас, Ј. М. Стауд, П. Булез и дело на македонскиот композитор Панде Шахов.
- Светската група, експериментален секстет од Јанина, Грција - „VILLAGERS OF IOANNINA CITY“ првпат вечерва ќе настапат во Скопје. Концертот ќе се одржи во Младинскиот културен центар со почеток во 21 часот.
Женскиот градски младински хор „Менада" од Тетово одржа концерт во Загреб, Хрватска. Нивниот настап е по покана на Советот на македонското национално малцинство во Град Загреб кои викендов организираа свеченост по повод нивниот ден на основање 7 октомври.
- Со традиционалниот поетски хепенинг денеска во Вевчани заврши меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби 2023“, што по 11. пат ја организира културниот центар „Бран“ од Струга.
Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески денеска преку соопштение во целост ги отфрли, како што наведува, сите невистини и инсинуации изнесени во јавноста од страна на членови на Претседателството.
КУД „Бранко Чајка“ кое делува при Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово викендов, од 6 до 8 октомври учествуваше на манифестацијата „Опленачка берба“ која традиционално се одржува во градот Топола, Република Србија. Манифестацијата е посветена на виното и грозјето, бидејќи овој дел од Шумадија е познат вински регион во Србија, а годинава се бележат јубилејни 60 години постоење.
- На Меѓународниот театарски фестивал „Скупи фестивал“ вечерва во Албанскиот театар Скопје ќе се одигра перфомансот „Бура и продор” произлезен од шестдневната работилница одржана со режисерката Теа Беговска.