На сцената на Националната опера и балет вечер ќе се одржи „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ „Танец“.
Во Даут-пашиниот амам вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Мултиверзум“ на академскиот уметник Симон Шемов.
Во Софија вечер ќе се одржи Европската ноќ на литературата, организирана од амбасадите и странските културни центри во Бугарија, во соработка со Европската комисија и Софија.
Министерството за образование и наука ќе нуди стипендии за јазични студии, а професионалните лектори ќе бидат лиценцирани, дополни Костадиновска-Стојчевска.
Во филмот „Зад сувите треви“ сакавме да го отсликаме внатрешниот психолошки свет на ликовите. Целта беше да го претставиме темнилото што го носи главниот лик, и да помогнеме да се потенцира таа наративна линија со светлото и со движењата на камерата, рече кинематограферот Куршат Уресин на денешната заедичка прес-конференција со неговиот колега Џевахир Шахин, кои заедно работеа на овој филм во режија на Нури Билге Џејлан.
Режисерот Владимир Јованоски подготви претстава со адаптација на романот на ирскиот романсиер Џон Бојн „Момчето во пижами со пруги“, од 2006 година.
Во Културно информативниот центар – Скопје, вечер ќе биде промовирана збирката раскази „Систем на сетилности“ од Елизабета Костадиновска Линднер во издание на АНТОЛОГ. Книгата ќе ја промовира Радмила Ванкоска, а извадоци од книгата ќе чита авторот.
Американскиот кинематографер Лоренс Шер на промотивен настан „Разговор со пријателите“ што се одржа во кино „Манаки“ во Битола, ја престави платформата Шотдек.
Со оглед на тоа што станува збор за документарен филм, Јовановиќ на денешната прес-конференција посочи дека ги прашувала луѓето кои би сакале да учествуваат во ваков проект.
Говорејќи за начинот како дојде до одлуката да работи на овој филм, Карнера посочи дека му пристапил познатиот режисер во Италија, Марио Мартоне и побарал да работат заедно.