Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Море на тишината“ чиј режисер е Оља Лозица од Хрватска. „Море на тишината“ е приказна која, како што велат од битолскиот театар, ја има несреќата да биде едноставно вистинита.
Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ влегува во втората половина со словенечката вечер со вечерашниот концерт на Камерниот амсанбл „Camerata Academica” со уметниците Каролина Шантл-Жупан на флејта, Матеј Шарц-обоа, Јоже Котар-кларинет, Зоран Митев-фагот, Јоже Рошер-хорна и Миха Рогина на саксофон.
Книгата за деца и млади „Диносаурус“ од познатиот исландски писател Аевар Тор Бенедиктсон (Ævar Þór Benediktsson) која е дел од серијалот „Твојата сопствена приказна“, излезе од печат деновиве во издание на „Бата прес“.
Професионални актери и аматери од Куманово, Прилеп и Струга вечер ќе ја изведат театарската претстава за деца и младинци „Петар Пан- Големата битка“ на отворено, на местото викано „Кајакарско“ во Струга.
Научната конференција ќе ја отвори претседателот на МАНУ проф.д-р Љупчо Коцарев, а поздравен говор ќе има градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски.
НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на Републичкиот фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ додели специјално признание на КУД „Илинден“-Битола за фестивалска изведба на музичко-сценскиот перформанс „120 години Илинденско востание“.
- Збирката „Дни, години“ на македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија.
Дваесеттиот фестивалски ден на „Охридско лето“ го носи соло-концертот на црногорскиот виолинист Роман Симовиќ.
Со концерт на Трио Џентлмен синоќа во Пустец, Мала Преспа, Албанија, заврши 16.то издание на фестивалот „Македонско културно лето 2023".
Романот, кој е со антивоена тема, беше финалист на неодамнешниот конкурс за роман на годината во конечна конкуренција со наградениот роман на академикот Влада Урошевиќ.