Како што истакна Димоски во обраќањето откако му беше врачена наградата, македонскиот идентитет е втемелен во македонскиот јазик и кирилицата. Јазикот и писмото, рече, се еден од нашите идентитетски столбови.
Во велешката библиотека денеска беше промовиран романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“, на Фросина Пармаковска, добитничка на „Рациновото признание“ за 2024.
Националната установа Народен театар-Битола со повеќе програмски активности ќе го одбележи големиот јубилеј, 80 години од формирањето.
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот.
Според него, тоа е огромна мотивација да се снима на вакво место, а исто така е и ретко искуство.
Изложбата е отворена по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, и е плод на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, а го симболизира поврзувањето на две традиции, две култури и два народи преку јазикот на уметноста.
Можноста први денеска да уживаат во авантурите на Мачорот и Лео имаа дечињата од градинката „Димче Мирчев“ од Велес, а во наредните денови ќе ја видат и основците од градот.
„Мостови на уметноста: Вевчани – Белград“ е насловена изложбата што вечерва ќе биде отворена во галеријата „O3one“ во Белград, во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.
„Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена, која на оригинален начин го доловува родовото прашање, адаптирајќи за големото платно ремек-дело на светската литература со одлична режија.
Скопскиот дувачки квинтет денеска ќе настапи во Виена во познатата катедрала Св. Ана (Annakirche) во центарот на градот Виена, а утре со концерт ќе се претсти во Мурска Собота (Словенија).