Најголемиот рок-бенд на сите времиња во Македонија, легендарните Леб и Сол, на 5 август ќе одржат голем концерт во Античкиот театар во Охрид.
Во издание на „Дијалог“ од Скопје излезе од печат романот „Бродови“ од Петре Димовски, што е прв од петтомниот избор на овој познат македонски писател кој живее и создава во Битола.
Годинашното фестивалско издание „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, овојпат со концертот на италијанското трио „Инвентио“, со уметничките Јулиа Беринскаја и Валентина Данелон на виолина и Ана Серова на виола.
Станува збор за дистопсиска драма од блиската иднина во која главната улога ја игра смртта. Вообличена во убава млада жена, смртта влегува во животот на еден брачен пар, создавајќи љубовен триаголник.
Со нова награда продолжува успешниот пат на „Кајмак“, најновиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски. За улогата на Доста во „Кајмак“ Сара Климоска е прогласена за најдобра актерка во главната натпреварувачка програма на Филмскиот фестивал во Сомбор, Србија.
Фондацијата не може, а да не заклучи дека станува збор за произволен и малициозен однос на Министерството кон една евидентна македонска културна вредност.
Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје соопшти дека станува збор за ексклузивно издание во тврд повез, во едиција на издавачката куќа во која се објавуваат современи дела на голем број европски и словенечки автори.
Краткометражниот игран филм „Имиња“ во режија на Јане Спасиќ премиерно ќе биде прикажан вечер во 20:30 часот во рамки на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.
Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваа на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под негово покровителство.
Во црквата „Света Софија“ вчеравечер во рамки на „Охридско лето“ се одржа концерт на романската виолинистка Ирина Муресану и оркестарот „FAMES“ од земјава.