Организаторите на филмскиот фестивал „Преку езерото | Across the Lake “, што од 19 до 23 јули по втор пат ќе се одржи во Дојран, денеска ја претставија официјалната програма на фестивалот и деталите околу проекциите и настаните кои носат нов квалитет и содржина во македонската култура и градот Дојран ова лето.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска престојува во Париз каде што со министерките за култура на Албанија и на Србија, Елва Маргарити и Маја Гојковиќ, вечер во 18:30 часот, во Културниот центар на Србија ќе се обрати на отворањето на изложбата „Супстрати“, известуваат од Министерството за култура.
Станува збор за над 100 ликовни творби со самостојни или автонономни белези, стари селски куќи кои сведочат за архитектурата на старата македонска куќа.
Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски е избран во официјалната селекција на Глобалниот филмски и музички фестивал Искија, на истоимениот остров Искија во Италија што се одржува од 9 до 16 јули 2023 година.
Младиот Лазар Нелковски со неговиот придружен бенд во состав Јана Ефтимова – бас, Анастасија Трајковска – придружен Вокал, гостинот од САД Maasiah на ритам гитара и Драган Андоновски на тапани ќе одржат концерт во Аудиокултура.
По синоќешното свечено отворање на „Охридско лето“ со големиот концерт на оперската дива Ангела Георгиу, Фестивалот веќе од денеска продолжува со својата редовна програма, со целовечерен концерт на Симфонискиот оркестар од Ниш во црквата „Света Софија“.
Пред исполнетиот аудиториум на магичниот Антички, фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот Стево Пендаровски, кој од сцената им посака слободна мисла на уметниците
Изложбата на слики од Панде Петровски насловена „Срце куќа најширока (мотиви од нашата села)“ ќе биде отворена вечер во салоните „Империјал 1 и 2“ во Културно-информативен центар – Скопје.
Македонскиот уметник и стрип мајстор Златко Крстевски со свое дело учествува на меѓународната изложба „La vie de Chateaue“ (Живот во замокот) што се одржува од 24 јуни до 28 јули во Ла Риеш во Франција.
Изложбата „Супстрати“, како дел од иницијативата Отворен Балкан, која е заеднички проект на тројца уметници од Србија, Албанија и Северна Македонија, ќе биде официјално отворена утре во Културниот центар на Србија во Париз, јави допсиникот на МИА од Белград.